Институтот за комуникациски студии го објави Прирачникот за јавен интерес во новинарството, којшто може да им биде од корист на студентите по новинарство.
Виртуелниот кампус на три високообразовни институции од Македонија, Словенија и Турција почна да ја развива Онлајн програмата за професионален развој за иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации - е-PROFMAN.
Виртуелниот кампус на три високообразовни институции од Македонија, Словенија и Турција спроведе истражување на пазарот во овие држави, чии сознанија ќе се користат како почетна точка за развој на заедничката онлајн програма за професионален развој за иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации – e-PROFMAN.
ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТ
Краен рок за пријавување: 15 март 2016
Датуми за селекција: 25 март – потесен круг; 20 април финална селекција
Времетраење на проектот: 01 декември 2015– 30 ноември 2017
Информации за проектот
Вестминстер фондација за демократија во партнерство со Високата школа за новинарство и односи со јавноста објавува повик наменет за граѓански организации за учество во 2 годишниот проект. Целта на проектот е да ги зајакне капацитетите на 8 организации за спроведување истражувања, подготовка на документи за јавни политики и застапување на законски промени врз основа на докази, а првенствено преку воспоставување дијалог со собраниските комисии. Активностите ќе резултираат со подобрени капацитети на организациите да влијаат врз промена на таргетираните закони од различни приоритетни области.
|
Вестминстер фондација за демократија во соработка со Високата школа за новинарство и односи со јавноста го почна двогодишниот проект „Граѓаните во Собранието: законодавни иницијативи за човекови права“ кој има за цел да стимулира вклучување на граѓаните и граѓанските организации во процесот на донесување закони, како резултат на низа обуки и активности за делотворна соработка меѓу граѓанскиот сектор и Собранието на РМ.
Претставници на Високата школа учествуваа на регионалната конференција „Комуникациски практики во време на протест: искуства од Југоисточна Европа“, која се одржа во четврток (21.01) во Центарот за медиуми во Сараево.