Високата школа за новинарство и за односи со јавност (во понатамошниот текст: Висока школа) е основана од фондацијата МИМ (во понатамошниот текст: МИМ) во 2008 година, со цел да придонесе кон остварување на една од основните цели на МИМ – поддршка на развојот на образованието за новинари во Република Македонија.
Тимот предавачи од Високата школа го презентираше средношколоскиот конкурс за избор на најдобар медиумски производ „Изрази се преку медиумите“ низ средните училишта во повеќе градови низ Македонија.
13 студенти денеска успешно ги одбранија своите дипломски трудови. На насоката новинарство дипломираа 5 студенти, 3 студенти се стекнаа со титула дипломирано стручно лице за односи со јавноста. Останатите 5 студенти успешно ги завршија специјалистичките студии по Менаџирање на стратегиски комуникации.
Инклузивно лидерство, комуницирање на разновидноста, мажите и жените во процесот на одлучувањето, родовата еднаквост во Европа беа некои од темите на дводневната конференција „Убавицата и ѕверот: Не ја потценувајте моќта на талентот“, што се одржа во февруари во словенечкиот град Љубљана, а на која учествуваше претставник на Високата школа.
Библиотеката на Високата школа се надополни со нови наслови за истражувачко новинарство.
Околу стотина тинејџери ја осознаа и учествуваа во продукцијата на неколку меинстрим медиуми во Македонија на првиот Медиумски ден за средношколците што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го организираше на 12-ти декември.