Младите се поделени во ставовите за тоа дали можат да препознаат вистинска од пара-вест. Според некои, вината е кај новинарите и нивното необјективно известување за одредени настани. Други, пак, сметаат дека сепак знаат да ги препознаат грешките во новинарското известување и дека тие не се разликуваат многу од возрасните кога станува збор за медиумска писменост.
Средбата се одржа по повод првиот медиумски ден на средношколците, а ја организираа Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и средношколскиот весник „Медиум“. Освен печатен медиум, на овој ден стотина средношколци ќе посетат и неколку други типови медиумски редакции - телевизија, радио и веб-портал.
При посетата тие имаа можност да дознаат како тече работниот ден на редакцијата, да се запознаат со процесот на креирање на медиумските содржини и да поразговараат со новинарите и уредниците за тоа со какви предизвици се соочуваат во работата.
Средношколци учествуваа во програмата во живо на Радио Метрополис на Медиумскиот ден за средношколците. Медиумскиот ден го организираше Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со МТВ, Радио Метрополис и Сити Радио, Телеграф.мк и Нова Македонија. Настанот се реализираше во рамки на проектот „(Де)конструирај ги медиумите“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.
Средношколци учествуваа во програмата во живо на Сити Радио на Медиумскиот ден за средношколците. Медиумскиот ден го организираше Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со МТВ, Радио Метрополис и Сити Радио, Телеграф.мк и Нова Македонија. Настанот се реализираше во рамки на проектот „(Де)конструирај ги медиумите“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.