Високообразовни институции од Македонија, Словенија и Турција формираа виртуелен кампус кој ќе нуди онлајн програма за иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации во овие три земји. Високата школа за новинарство и за односи со јавноста од Македонија, Факултетот за применети бизнис и општествени студии ДОБА од Словенија и Истанбул Универзитетот од Турција почнуваат со креирање на курикулум за заедничка програма за професионален развој.
Високата школа им врачи дипломи за завршен прв циклус студии на 13 студенти по новинарство и 20 студенти на насоката корпоративни комуникации и односи со јавноста. Дипломи земаа и 5 студенти кои завршија специјалистички студии на насоките Менаџирање на медиуми и мултимедија и на Менаџирање на стратегиски комуникации.
Студентката по новинарство Љубица Николовска во август учествуваше на десетдневната обука по онлајн и мултимедија новинарство при Германската школа за новинарство во Минхен, Германија.
Институтот за комуникациски студии (ИКС) го распиша конкурсот за запишување на едногодишните и двегодишните магистерски студии по менаџирање на стратегиски комуникации. Преку студиите ќе ги надградиш комуникациските, претприемничките и лидерските способности, ќе го демонстрираш твојот успех преку апликативни проекти и ќе изградиш цврста мрежа со етаблирани професори и професионалци.
Четири студенти на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста на почетокот на јули продуцираа заеднички аудио прилози со млади новинари од Босна и Херцеговина и од Австрија. Радио емисиите ЈунитиРадио (Unity Radio) се дел од проектот „Поврзување на младите од поранешна Југославија преку радио-продукција - Екс(Ју)“ од Ерасмус + програмата.
Европската телевизија за култура „Арте“ овозможува твојот глас да биде слушнат од светските лидери преку учество во изработката на документарниот фил „Climаte Ops“. Документарецот ќе се продуцира преку прибирање на најдобрите секвенци од видеа кои ќе пристигнат од 47 европски земји. Филмот ќе биде емитуван на телевизијата и достапен на интернет за време на Конференцијата за климатски промени (COP21), што ќе се одржи во Париз во декември оваа година.