Претставници на Високата школа учествуваа на регионалната конференција „Комуникациски практики во време на протест: искуства од Југоисточна Европа“, која се одржа во четврток (21.01) во Центарот за медиуми во Сараево.
На конференцијата присуствуваа повеќе новинари, активисти, медиумски професионалци и истражувачи кои ги пренесоа своите искуства во учество или организација на протести во своите земји. Конференцијата се одржа како дел од регионалното истражување „Комуникациски практики во контекст на протести и социјални немири“ каде што Високата школа е партнер, покрај Центарот за медиуми од Сараево (MC), и Институтот за медиуми од Албанија (AMI).