Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ја претставуваше Македонија на меѓународната конференција „Медиумска и информациска писменост за градење култура на отворено владеење“, што ја организирање УНЕСКО ИФАП (Information For All Program) од 6-10 јуни во сибирската покраина Ханти-Мансиск во Руската Федерација.
Како да поставите приоритет за некое итно и релевантно прашање на јавната политика и да го поврзете своето истражување со процесот на одлучување по тоа прашање. За ова се обучуваа 20-тина истражувачи од граѓански организации, учејќи како да креираат ефективно резиме за јавни политики.
На 30 мај во дневниот весник „Нова Македонија“ излезе новиот број на месечниот средношколски весник „Медиум“. Прочитајте кој е најдобриот дебатер во Македонија, кои се победничките средношколски иницијативи за промени во заедницата, спортските фаворити на овогодинешната „Гимазијада“, новинарската лабораторија во Штип и слични содржини блиски до тинејџерите.
Штипските средношколци, на почетокот на месецов, имаа можност да научат нешто повеќе за новинарството и како се пишуваат новинарски вести. Во организација на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во средното училиште „Славчо Стојменски“ во Штип се одржа новинарска лабораторија за 30-тина ученици од сите четири години.
19 претставници на 11 невладини организации чии ицијативи за промена на постоечки закони беа избрани во рамки на проектот “Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права” учествуваа на обуки за истражување за застапување и за пишување документи за јавни политики.
Вестминстер фондација за демократија во соработка со Високата школа за новинарство и односи со јавноста од 2016-2017 година ќе го реализираат проектот „Граѓаните во Собранието: законодавни иницијативи за човекови права“ кој има за цел да стимулира вклучување на граѓаните и граѓанските организации во процесот на донесување закони, како резултат на низа обуки и активности за делотворна соработка меѓу граѓанскиот сектор и Собранието на РМ.