Предавачите се реномирани академски професори и професионалци од областа на односите со јавноста, комуникациите, менаџментот, маркетингот, политичките науки и други општествени науки што се застапени во студиската програма.
Високата школа е уникатна во Македонија по тоа што ангажира и голем број практичари од секторот за односи со јавноста и корпоративните комуникации, кои се искусни практичари, менаџери и аналитичари. Под нивно менторство, студентите ги стекнуваат вештините преку работа на проекти.
Меѓународната соработка и долгорочното партнерство со универзитети од Европа и САД овозможува размена на професори.
Тоа за предавачите на Високата школа нуди можност да ги спроведуваат последните трендови во наставата, а за студентите да стекнуваат знаење и искуство и од странски професори.