Високата школа овозможува студентска размена во времетраење од еден семестар на универзитети во Европа со кои има потпишано договори за соработка и мобилност. Размената им нуди можност на студентите да добијат додаток на диплома од европски високообразовни институции, а стекнатите кредити (ЕКТС) да им бидат признаени од Школата. За студискиот престој, студентите можат да добијат стипендии преку Програмата за мобилност на Европската комисија ЕРАСМУС, чиј носител е Школата.
Препораки за студентска размена
Универзитети за студентска размена преку програмата ЕРАСМУС
Со повеќе од 20 илјади студенти, илјадници други учесници во студиите и повеќе од 1.800 членови на наставниот кадар, Универзитетот за применети науки „Виндесхеим“ е еден од најголемите универзитети за применети науки во Холандија. Освен што нуди можности за студирање, Виндесхеим е и важен истражувачки центар со неколку институти кои се фокусирани во различни области. |
Галерија од „Виндесхеим“ |
Факултетот за општествени науки при Универзитетот од Љубљана, кој е меѓу 500-те најдобри на Шангајската листа, спроведува студии и истражувања во согласност со највисоките стандарди за квалитет и етички критериуми и гради силна академска заедница на професори, истражувачи и студенти. | |
Основан во 1922 година и рангиран меѓу најдобрите 700 универзитети во светот, Универзитетот Витаутас Магнус (Vytautas Magnus Universityis) е една од најлибералните и модерни академски институции во Литванија. Со негување и продолжување на длабоко вкоренетите традиции, Универзитетот има водечка улога не само во литванската, туку и во пошироката балтичка и европска интелектуална и културна сфера. | |
Универзитетот Бабеш-Болјаи од Клуј Напока, Романија е динамична, но и традиционална институција со длабоки корени во централна Европа и силни меѓународни академски врски. Потекнува да 1581 година, што ја вбројува меѓу најстарите институции за високо образование во Романија. Тоа е најголемиот романски универзитет со приближно 45 илјади студенти, кој се наоѓа на устието на источната и западната култура. Универзитетот нуди широк спектар на меѓународно конкурентни студиски програми на англиски, германски, француски, италијански, унгарски и романски јазик. | |
Автономниот универзитет од Барселона, основан во 1968 година, е рангиран меѓу првите 300 универзитети според Шангајската листа. Универзитетот е европскиот претставник и основач на Мрежата за медиумска и информациска писменост и интеркултурен дијалог на УНЕСКО и Обединетата алијанса на цивилизации. |
Универзитети за студентска размена со билатерална соработка
Данската школа за медиуми и новинарство е центар за обука и знаење во сферата на медиумите и комуникациите, ставајќи фокус на талентот, доживотното учење и иновацијата. | |
Универзитетот Западна Каролина (WCU) од САД е основан во 1889 година со цел развој на високото образование и можностите за кариера во западниот регион на Северна Каролина. Универзитетот денес нуди едукација на повеќе од 9.000 студенти од целиот свет. |
Факултетот за применети бизнис и општествени студии ДОБА од Марибор претставува модерно бизнис опкружување посветено на развојот на иновативни поединци и на „учењето од далечина“. Високо квалитетните студиски програми ги следат стандардите и барањата на современата европска и глобалната бизнис средина. |
Одделот за новинарство и комуникации при Универзитетот од Тирана има потпишано договор за соработка со Високата школа, со кој се предвидува академска размена во образованието, истражувањата и другите сродни активности, со цел интернационализација на високото образование во студиските програми на двете високообразовни институции. |
Најголемиот и најстар државен универзитет во Србија е рангиран на Шангајската листа меѓу 400-те најдобри светски универзитети. Универзитетот во Белград е подготвен да ја задржи и да ја подобри својата позиција како водечка институција за високо образование во регионот, прилагодувајќи се на предизвиците на времето, но во исто време зачувувајќи го она што е вредно во неговата традиции, која е призната како национален бренд. |
Колеџ за комуникации во Бања Лука е најстарата приватна институција за високо образование во Босна и Херцеговина и првата таква институција во која се изучуваат најважните форми на општествена комуникација. |