Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести
   

Вестминстер фондација за демократија во соработка со Високата школа за новинарство и односи со јавноста го почна двогодишниот проект „Граѓаните во Собранието: законодавни иницијативи за човекови права“ кој има за цел да стимулира вклучување на граѓаните и граѓанските организации во процесот на донесување закони, како резултат на низа обуки и активности за делотворна соработка меѓу граѓанскиот сектор и Собранието на РМ.

Проектот е составен од три компоненти: 1) едукација на граѓански организации за истражување, креирање документи за јавни политики, лобирање и застапување, преку обуки и менторска поддршка; 2) јакнење на соработката меѓу медиумите и граѓанскиот сектор преку работилници и средби со новинари; 3) интензивирање на соработката со Собранието на РМ и граѓанските организации преку средби, студиски посети и овозможување услови за практична примена на знаењата добиени од обуките за застапување и лобирање, ефектуирани во издржани законски решенија иницирани од граѓаните.

Партнерите во проектот, преку јавен повик кој ќе биде објавен од средина на февруари, ќе изберат осум граѓански организации кои ќе предложат иницијативи за анализа, истражување и разработка на соодветни законски решенија со кои ќе се вреднуваат и гарантираат човековите права, партиципативната култура и медиумскиот плурализам. 16 претставници на осум невладини организации ќе поминат наменски обуки за: 1. Истражување, 2. Пишување документи за јавни политики, и 3. Застапување , кои треба да им помогнат не само да научат, туку и практично да ги применат стекнатите знаења и вештини видливи во форма на законски решенија поддржани од пратениците и другите законодавни тела. За успешна реализација на истражувањето, осумте организации ќе добијат и мали грантови. Проектот предвидува и размена на слични позитивни искуства со Парламентот во Шкотска, при што се предвидени студиски посети, менторства и средби со шкотски пратеници, како претставници од британски организации и медиуми, а со цел да се разгледаат можностите за соработка помеѓу нив во однос на влијание врз промена на легислативата.

Преку оваа акција ќе се освежи дефицитарниот библиотекарски фонд, нудејќи им на граѓаните и граѓанските организации пет нови едукативни ресурси: (1) Прирачник за истражувања и пишување на документ за јавни политики; (2) Прирачник за застапување и лобирање; (3) Водич за граѓански организации при соработка со Собранието на РМ за јавни политики; (4) Водич и насоки за комисиски расправи; и (5) Позитивни искуства, достапни на македонски, албански и англиски јазик.

Проектот е финансиран од Европската Унија

 

Скопје, 1 февруари 2016