Високата школа за новинарство и за односи со јавноста в петок, 21 октомври 2016 од 11-12.30 часот организира информативна средба за тековниот повик за доделување грантови за граѓански организации за промоција на медиумската и информациската писменост. Заинтересираните учесници треба го пријават своето присуство на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или на тел. 02/30 90 004 најдоцна до среда, 14 часот. Средбата ќе се одржи во просториите на Високата школа, на адреса: Јуриј Гагарин 17-1/1, 1 000 Скопје.
Известувањето за студентските протести во 2014 година драстично се разликуваше од една до друга група медиуми. Протестите беа врамени како политички инструментализирани од едната група или како дел од решението за штетните образовни реформи од другата. Ова го покажа истражувањето „Здружени за промени: враќање на владината отчетност преку граѓански протести“ кое го реализираше Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста објавува повик за доделување грантови за граѓански организации за иницијативи со кои ќе се промовира медиумската и информациската писменост во земјата.
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ организира конференција „Медиумската писменост како предуслов за активно граѓанство“ којашто ќе се организира на 27 септември (вторник) во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје од 10.00 - 14.00 часот.
МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ ВО ЕРА НА НАПЛИВ НА ИНФОРМАЦИИ: ОСНОВАЊЕ КОАЛИЦИЈА ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ“
ПОВИК ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
Д-р Жанета Трајкоска, предавач на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е избрана за член на Научниот комитет за избор на академски трудови во рамки на Глобалната недела за медиумска и информациска писменост (Global MIL Week 2016), што ја организира УНЕСКО и Алијансата на цивилизации при ОН.