Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Вкупно 19 претставници на граѓанските организации ќе учествуваат на дводневна обука за применети истражувања, која ќе се одржи на 26 и 27 мај во Високата школа. Д-р Снежана Трпевска, предавач во Високата школа ќе ги обучи учесниците како да применуваат различни истражувачки методи, кои ќе им бидат неопходни во процесот на доразвивање на првичните предлози за законски измени.

Вестминстер фондацијата за демократија и Високата школа за новинарство и односи со јавност во вторник, 26 април ќе ги претстават 11-те граѓански иницијативи за промени на закони кои беа избрани преку повикот „Граѓаните во Собранието“. Настанот ќе се одржи во ЕУ Инфо Центарот во Скопје од 11.00 до 12:00 часот.

mediumkaГимназијата „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија беше домаќин на првата медиумска лабораторија што ја организираат Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“. Учениците дискутираа на тема „Медиумите како алатка за глас на младите или средство за забава и едукација?“, поттикнати од излагањата на Жарко Василевски, новинар во „Нова Македонија“ и Дарко Малиновски, активист и член на Студентскиот пленум и Томе Аврамов, професор по македонски јазик. 

Како подлисток во денешна „Нова Македонија“, на осум страници е новото издание на средношколскиот весник „Медиум“. Излезе токму на неговиот петти роденден. Мал, но многу значаен јубилеј за неговите издавачи – Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и за дневниот весник „Нова Македонија“. Задоволството е уште поголемо оти низ изминативе пет години, со растењето на „Медиум“, растеше и редакцијата. А ќе расте и понатаму.

Почеток на ЕУ проектот

„Медиумска писменост во ера на наплив на информации: основање на Македонска коалиција за медиумска и информациска писменост“

Високата школа за новинарство и односи со јавноста е дел од штотуку започнатиот (тригодишен) проект на УНЕСКО и ЕУ насловен „Градење на доверба во медиумите во Југоисточна Европа и Турција“ кој има за цел да ја да ја врати довербата на граѓаните во медиумите во земјите на Југоисточна Европа и Турција. Проектот ова ќе го оствари преку подобрување за механизмите за отчетност на медиумите, процесите за внатрешно управување во медиумските организации, и подобрување на медиумската и информациска писменост на граѓаните со цел тие да можат да донесуваат информирани одлуки во секојдневниот живот. Проектот има цел и да ја зајакне поддршката од граѓанското општество и да ја зголеми јавната побарувачка за квалитетни медиуми.