Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Новинарство

Студиската програма по новинарство ќе Ве оспособи за основните професионални стандарди, во насока на независност, критички пристап и во служба на јавноста, како и со практични знаења за медиумска продукција.

Студиската програма е единствената во Македонија и во регионот по тоа што е усогласена со Моделот за наставна програма за образование на новинари на УНЕСКО од 2007 година, како и со Декларацијата од ТАРТУ (преземи) усвоена од членките на Европската асоцијација за новинарско образование (EJTA) во 2006 година.

Студирате според највисоките меѓународни стандарди. Наставните програми се креирани заедно со стратешките партнери Данската школа за медиуми и новинарство и Универзитетот за применети науки Виндесхеим од Холандија, а при Високата школа е основана Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање во Македонија.

• Наставните програми се базирани на барањата на медиумскиот сектор. Умешно се спојуваат теоријата и практичното работење. На тој начин ќе стекнете и знаења и вештини кои ќе Ви помогнат квалитетно и брзо да ги извршувате работните задачи како идни новинари и медиумски професионалци.


nastavna-programa-tab

 

• Ќе ги знаете правилата, принципите и техниките на работа во новинарството и медиумите, но и ќе стекнете пошироки знаења за економијата, политиката и историјата за да ги идентификувате клучните општествени теми

• Ќе можете да лоцирате одредена состојба, да ја процените, да дискутирате за неа и да ја објасните и резимирате пред јавноста

• Јасно ќе се изразувате во пишана, устна и визуелна форма

• Ќе продуцирате за сите видови на медиуми - текстови, радио и ТВ прилози, мултимедијални производи, ќе фотографирате, дизајнирате и ќе креирате блогови, социјални мрежи и веб страници

• Ќе ги анализирате и истражувате случувањата за да изберете вредни и веродостојни информации за објавување, ќе дебатирате и ќе критикуватеж

• Ќе бидете креативни и уникатни во прикажувањето на настаните и медиумската продукција

• Ќе оценувате и судите за исправноста на општествените случувања

Наставата е комбинирана со работа на реални проектни задачи и со задолжителна практика во медиуми, кои освен вредно искуство, се и потенцијални работни места и контакти со претставници од Вашата идна професија.

Ќе студирате со помош на модерна технологија, во добро опремен наставен простор, компјутерски лаборатории, библиотека, преку е-учење, а развиената Интранет мрежа ќе помогне ефикасно да комуницирате со предавачите и административниот кадар.

Во последната година од студирањето имате можност да поминете еден семестар на универзитетите со кои Високата школа има потпишано договор за соработка, а согласно договорот, кредитите кои ќе ги стекнете на студискиот престој, се меѓусебно признаени.

Студиите се во согласност со Болоњската декларација и организирани според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) во три академски години, со можност за специјализација и за магистерски студии. По завршувањето на додипломските студии, добивате 180 ЕКТС и диплома со стекнат назив „дипломиран новинар“.