Високата школа ја реализира издавачката дејност во рамките на едицијата „Ex Libris“ со издавање книги од домашни автори и превод на странска литература. Книгите, прирачниците и авторизираните предавања на предавачите и соработниците служат како учебни помагала за студентите во наставниот процес, но и се наменети за сите медиумски и професионалци за комуникации.
Школата располага и со богата библиотека која брои околу илјада домашни и странски наслови стручна литература од областа на медиумите, новинарството, комуникациите и односите со јавноста, но и соодветни изданија за економија, политика, историја...
„Слобода на изразување, јавен интерес и медиумска регулација“ м-р Снежана Трпевска Книгата ги разработува сите најзначајни прашања на медиумската политика и регулатива опфатени во документите на Советот на Европа, Европската комисија и други меѓународни организации, како и нивната имплементација во домашното законодавство. |
||
„Современ македонски јазик во областа на новинарството и на односите со јавноста“ м-р Татјана Б. Ефтимоска Оваа книга-учебник ѝ е посветена на културата на јавното говорење. Во центарот на нејзиниот интерес е современиот македонски стандарден јазик, онака како што (треба да) се употребува во медиумите и од страна на јавните личности. |
||
„Емитување вести, пишување, известување и продуцирање“ Тед Вајт, Френк Барнес Петтото издание ги води студените и идните ТВ репортери низ тајните на телевизиското новинарство. Книгата е напишана според природната прогресија на создавање на вестите: специфичноста на на пишувањето вести за телевизија, барањето информации и користењето извори, известувањето, како и продуцирањето и емитувањето на телевизиските вести. |
||
„Вовед во односите со јавноста“ м-р Марина Тунева Книгата е подготвена да одговори на потребата за стекнување знаење од областа на односите со јавноста. Таа е замислена да им овозможи на студентите да ги разберат основите на својата идна професија во светот на комуникациите. Учебникот може да им послужи и на професионалците на ова поле, како и на заинтересираните што би сакале да го разберат значењето на односите со јавноста во своето секојдневно работење. |
||
„Медиумите, граѓаните и интеркултурните комуникации“ м-р Марина Тунева и м-р Емилија Петреска Камењарова Книгата е структуирана во три дела. Во првиот дел се разгледуваат значењето и главните концепти на интеркултурните комуникации. Вториот дел претставува теоретска рамка со практични примери и илустрации што обезбедуваат насоки за начините на кои треба да се известува за различностите. Третиот дел е посветен на темата граѓанско новинарство. |
||
„Вовед во теоријата на комуникациите - анализа и примена“ Ричард Вест, Лин Х. Тарнер Книгата објаснува на едноставен, директен начин како теориите за комуникациите функционираат во нашите секојдневни животи. Преку многубројни реални и применливи примери, таа овозможува запознавање со принципите и со централните идеи на важните теории и дава преглед и кратка историја на развојот на комуникациската дисциплина. |
||
„Основи на корпоративното комуницирање“ Цис Б. М. ван Риел и Чарлс Џ. Фомбрун Книгата им помага на читателите не само да ги разберат, туку и да ги применат најважните теоретски поими за идентитетот, идентификувањето, репутацијата и корпроативното брендирање и укажува на кој начин комуникацијата на една компанија со нејзината клучна публика зависи од севкупната внатрешна и надворешна комуникација на компанијата. |
||
„Основи на пишувањето за медиумите“ Мелвин Менчер Книгатаима за цел да им помогне на читателите да ги истражат различните области во новинарството и да им покаже како работат професионалците во оваа дејност. Работата што ја вршат има заедничка основа. без оглед дали професионалецот е репортер за телевизиска станица, специјалист за односи со јавноста, филмски критичар или известувач од судница за локален весник. |