|
|
|
|
Данската школа за медиуми и новинарство е стратешки партнер универзитет на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Студиските програми на двете високообразовни установи се компатибилни, што овозможува студентите на Високата школа да го поминат петиот семестар во Данската школа и да се стекнат со додаток диплома. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Универзитетот за применети науки „Виндесхеим“ од Холандија е стратешки партнер универзитет на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Студиските програми на двете високообразовни установи се компатибилни, што овозможува студентите на Високата школа да го поминат петиот семестар во Универзитетот „Виндесхеим“ и да се стекнат со додаток диплома. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Универзитетот на Западна Каролина од САД има потпишано договор за соработка со Високата школа со кој се предвидуваат можности за заеднички студии, истражувања и обуки и за студиска размена. Примарната цел е да се воспостават програми за размена на студенти и професори, на академски и истражувачки информации, како и други образовни активности од заеднички интерес. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Факултетот за применети бизнис и општествени студии ДОБА од Марибор, Словенија има потпишано договор за соработка со Високата школа, со кој се предвидува академска размена во образованието, истражувањата и другите сродни активности, со цел интернационализација на високото образование во студиските програми на двете високообразовни институции. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Факултетот за општествени науки при Универзитетот од Љубљана, кој е меѓу 500-те најдобри на Шангајската листа, има потпишано договор за соработка со Високата школа, со кој се предвидува академска размена во образованието, истражувањата и другите сродни активности, со цел интернационализација на високото образование во студиските програми на двете високообразовни институции. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Одделот за новинарство и комуникации при Универзитетот од Тирана има потпишано договор за соработка со Високата школа, со кој се предвидува академска размена во образованието, истражувањата и другите сродни активности, со цел интернационализација на високото образование во студиските програми на двете високообразовни институции. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Високата школа потпиша договор за студиска размена со Универзитетот Витаутас Магнус од Литванија, рангиран меѓу 700-те врвни универзитети во светот. Договорот е потпишан како дел од Програмата за мобилност ЕРАСМУС на Европската комисија и им овозможува на студентите по новинарство и по односи со јавноста да следат еден семестар на овој универзитет и да се стекнат со додаток на диполома. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Договор за соработка со Автономниот универзитет од Барселона, кој предвидува размена на студенти, образовен кадар и академско искуство. Универзитетот, кој е рангиран меѓу првите 300 универзитети според Шангајската листа, е европскиот претставник и основач на Мрежата за медиумска и информациска писменост и интеркултурен дијалог на УНЕСКО и Обединетата алијанса на цивилизации. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Факултетот за организациски науки на Универзитетот во Белград има потпишано договор за соработка со Високата школа којшто предвидува да делуваат заеднички во областа на високото образование и академските истражувања. Најголемиот и најстар државен универзитет во Србија е рангиран на Шангајската листа меѓу 400-те најдобри светски универзитети. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Со договорот за соработка со Колеџот за комуникации „Капа Фи“ во Бања Лука, Босна и Херцеговина се воспоставуваат можности за студиска размена, развој на заеднички студии, истражувања, обуки и други едукативни програми помеѓу двете образовни институции. |