|
|
|
Во соработка со УНЕСКО, при Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е основана Катедра за медиуми, дијалог и заемно разбирање. Катедрите на УНЕСКО (UNESCO Chairѕ) и универзитетските мрежи (UNITWIN networks) имаат примарна цел да ги зајакнуваат капацитетите на високо-образовните и истражувачките институции, преку размена на знаење и споделување искуства, во духот на меѓународната солидарност. |
|
|
|
|
|
|
|
Високата школа за новинарство и односи со корисник на Еразмус+ програмата на Европската Комисија (2014-2020), за образование, обуки, млади и спорт. Оваа програма ги обединува претходните програми на ЕК за доживотно учење, за високо образование и за младински акции. Новата програма, која има буџет поголем за 70% од претходните акции, се фокусира на формалното и неформалното образование низ ЕУ со цел да ги подобри вештините и можностите за вработување на студентите, едукаторите и работниците. |
|
|
|
|
|
|
|
Директоријатот за едукација и култура при Европската комисијаи` ја додели Еразмус повелбата на Високата школа што им овозможува на студентите да поминат еден семестар на други европски универзитети до академската 2013/2014 година. Повелбата отвора можност за заеднички проекти со други европски партнери од високото образование и за размена на наставен кадар, што ќе придонесе за развој и подобрување на наставата. |
|
|
|
|
|
|
|
Високата школа е членка на Европската асоцијација за образование на новинари (ЕЈТА) што им овозможува на студентите да студираат на европски универзитети и школи по новинарство и да стажираат во европски медиуми, додека на предавачите да соработуваат во наставните процеси и истражувачките проекти со нивните колеги од Европа. |
|
|
|
|
|
|
|
Европскиот новинарски центар дава помош и поддршка во различни проекти, учествувајќи со стипендии во фондот за талентирани средношколци на Високата школа и во креирањето на веб страниците www.vs.edu.mk и www.unescochair-vs.edu.mk. |
|
|
|
|
|
|
|
Високата школа е членка на Европската асоцијација за образование и истражување на односите со јавноста (EUPRERA) која има за цел да ги поттикнува и промовира иновативните знаења и практики за односи со јавноста во образованието и истражувањата во Европа. |
|
|
|
|
|
|
|
Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје го поддржа конкурсот „Изрази се преку медиумите“ преку кој Високата школа овозможува стипендии за талентирани средношколци што имаат афинитети и талент во областа на медиумите, новинарството, комуникациите и односите со јавноста. |
|
|
|
|
|
|
|
Високата школа е партнер во проектот на Вестминстер фондацијата за демократија „Зајакнување на парламентот и демократијата“ во делот насочен кон зголемување на транспарентноста во работењето на Собранието на Република Македонија и кон подобрување на новинарското известување за законодавниот дом. |
|
|
|
|
|
|
|
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е членка на Глобалната алијанса за партнерства за медиумска и информациска писменост (Global Alliance for Partnership on Media and Information Literacy - GAPMIL), иницирана од УНЕСКО, Алијансата на цивизации при ОН (UNAoC), УНИЦЕФ, Фондацијата Отворено општество, ИРЕКС, Европската Комисија и други агенции при ОН. |
|
|
|
|
|
|
|
„Swedish Helsinki Committee“ го поддржа етаблирањето на Високата школа со грант за институционална поддршка, помагајќи во креирањето на студиските програми и во изработката на студија за основање на факултетот. |
|
|
|
|
|
|
|
„Press Now“ го помогна трансферот на знаења од партнерските универзитети, при изработката на бизнис планот, студијата за основање на факултетот и креирањето на наставните програми. |
|
|
|
|
|
|
|
„Институт Отворено општество“ ја помага издавачката дејност на Високата школа јво рамките на едицијата „Ex Libris“ со издавање книги од домашни автори и превод на странска литература. |
|
|
|
|
|
|
|
Советот на Европа го поддржа конкурсот „Изрази се преку медиумите“ преку кој Високата школа овозможува стипендии за талентирани средношколци што имаат афинитети и талент во областа на медиумите, новинарството, комуникациите и односите со јавноста. |
|
|
|
|
|
|
|
Канцеларијата на УНДП во Скопје преку различни проекти им овозможува на студентите да го искусат работењето на терен на повеќедневни екскурзии надвор од Скопје. |
|
|
|
|
|
|
|
Канцеларијата на УНФПА во Скопје, во соработка со Високата школа, организираа работилница и продуцираа два мини документарци на тема „Сексуално и репродуктивно здравје“. |