Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
За нас
Висока школа за новинарство и за односи со јавноста

Мисија

Главен стремеж е студентите да се стекнат со сеопфатно знаење, способности и вештини за компетентно и креативно совладување на предизвиците во областа на новинарството, медиумите, корпоративното комуницирање и односите со јавноста.

Цели

Главна цел е да се создаваат генерации кои ќе имаат развиено критичко мислење и изразен став, кои ќе бидат препознатливи по својата врвна професионалност и креативност и по желбата за постојано надоградување на своите знаења.

Акредитација

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е основана од Македонскиот институт
за медиуми и акредитирана како високообразовна установа од Министерството за образование и наука на Република Македонија во 2008 година.

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е непрофитна високообразовна институција во Македонија која нуди студиски програми за:

Прв циклус на студии:

1. Новинарство

2. Корпоративни комуникации и односи со јавноста

Втор циклус на студии:

1. Менаџирање на медиуми и мултимедија

2. Менаџирање на стратегиски комуникации

Високата школа тргнува од потребата за различен пристап во академското изучување на новинарството и медиумите, од една страна, и на корпоративните комуникации и односите со јавноста, од друга страна, при тоа почитувајќи ги спецификите на професиите.

Филозофијата на Школата е да не се води од профитот, туку постојано да се стреми и да нуди врвно знаење, со примена на светските трендови за квалитетно високо образование и со следење на барањата на приватниот и јавниот сектор.

 


Согласно Законот за високото образование, факултетите и високите стручни школи нудат еднаков степен на високо образование, а дипломите што се добиваат на овие две институции се еднакво валидни на пазарот на трудот.

Основната разлика е во содржината на студиските програми. За разлика од факултетите кои нудат повеќе теоретско и академско знаење од определена област, високите стручни школи на студентите им даваат поголем обем на стручни знаења и вештини, преку нивно непосредно вклучување во работниот процес уште за време на студирањето.


Главен стремеж е студентите да се стекнат со сеопфатно знаење, способности и вештини за компетентно и креативно совладување на предизвиците во областа на новинарството, медиумите, корпоративното комуницирање и односите со јавноста.

Високата школа создава интелектуално опкружување за работа и учење за студентите и за наставниот кадар, во чиј фокус е студентот, и ги применува најновите сознанија за организирање на наставата и учењето.Школата континуирано го подобрува квалитетот на своите студиски програми и академски активности со цел кај студентите да ја поттикне желбата за континуирано учење и да го развие кај нив критичкото мислење и индивидуалноста.


Главна цел е да се создаваат генерации кои ќе имаат развиено критичко мислење и изразен став, кои ќе бидат препознатливи по својата врвна професионалност и креативност и по желбата за постојано надоградување на своите знаења.

Останатите стратегиски цели се:

• Организирање на квалитетно високо образование

• Унапредување на професионалните знаења и способности на новинарите, медиумските професионалци и оние кои се занимаваат со комуникациите

• Развивање на професионални и етички стандарди во новинарството и во односите со јавноста

• Поттикнување на истражувачката дејност на академско ниво

• Поддршка на развојот на млади истражувачки кадри

• Издавање и објавување релевантна стручна литература

• Споделување и ширење на стекнато знаење и искуство преку поврзување и вмрежување на мултимедијалните платформи и социјалните мрежи, истовремено поттикнувајќи ја иновативноста во работењето

• Развивање на меѓународната соработка


Високата школа е основана од Македонскиот институт за медиуми и акредитирана како високообразовна установа од Министерството за образование и наука на РМ во 2008 година.

Акредитација за додипломски студии

Акредитација за специјалистички студии


Високата школа спроведува систематизирана и континуирана проверка на квалитетот на наставата преку оценки од студентите за секој поединечен предмет, фокусни групи со студентите за вкупниот квалитет на настава, групни квалитативни интервјуа со вработените на Високата школа, рецензии на содржината на учебниците и прирачниците и оценки од наставниот кадар за исполнетите очекувања и резултати за секоја предметна програма.

Извештај од самоевалуацијата за периодот 2008-2011 година


Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Високата школа обезбедува јавност и отвореност во работењето, информираност на јавноста за начинот на делување и им овозможува на физичките и правните лица лесно да го остваруваат правото на слободен пристап до информациите.

Билтен

Лице за давање информации од јавен карактер:

Бојан Георгиевски, генерален секретар

02 / 30 90 004, This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.