Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Во подготовка е нова публикација „Прирачник за застапување и лобирање во Собранието на РМ“, која има за цел да им помогне на граѓанските организации и граѓаните како низ лавиринтот на парламентарните процедури да се наметнат и да бидат дел од Собраниската агенда. Прирачникот е во форма на водич кој дава објаснувања за формалните и неформални законски процедури, како и насоки за подготовка на комуникациска стратегија за застапување и лобирање. Иста така, прирачникот дава препораки како да се подобри соработката со парламентот, но и како народните претставници да ги согледаат реалните проблеми и потреби на граѓаните и да одговорат на нив.

Во тек е процесот на менторирање на 11-те граѓански организации чии иницијативи за законски измени беа избрани во рамки на проектот „Граѓаните во Собранието“, а се однесуваат на подобрување на заштитата на различни човекови права. Во оваа фаза граѓанските организации подготвуваат комуникациски план за застапување и лобирање кој треба да им помогне во зајакнување на вештините за поефикасно преставување на своите иницијативи пред законодавните тела.

16602166 1537445169617860 1818831307482946557 oПретставници од 11-тина граѓански организации учеа како да ги претстават своите барања за законски измени пред пратениците, собраниските комисии и другите закононавни тела. На дводневната обука за застапување и лобирање, што во февруари ја организираше Вестминстер фондацијата за демократија во соработка со Високата школа за новинарство и за односи во рамки на проектот „Граѓаните во собранието“, учесниците учеа како се прави комуникациски план за застапување и лобирање со коишто подобро ќе ги презентираат и застапуваат своите инцијативи. Посебен акцент се стави на вештините за развивање пораки упатени кон различните целни публики.

17239959 1575924325769944 2629752339320258179 oКако да се подобри соработката меѓу медиумите и граѓанските организации беше темата на тродневниот семинар што се одржа во Охрид во март 2017. Граѓанските организации освен што ги претставија своите иницијативи за законски измени, во неформална дискусија со новинарите разменуваа практични совети и искуства како да ги промовираат своите барања, што ги иницираа во рамките на проектот „Граѓаните во Собранието“.

Вестминистер фондацијата за демократија во соработка со Високата школа за новинарство и за односи со јавноста на 15-ти ноември организираа панел дискусија на која беа презентирани 11-те документи за јавни политики кои граѓанските организации ги подготвија во рамки на проектот  “Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права”  а имаат за цел приближување на граѓанското општество до Собранието.

Граѓанските организации Вилсон Македонија, Македонска платформа против сиромаштија, Инклузива, Рома С.О.С., Центар за правни истражувања и анализи, Институт за човекови права, ЏЕФ и Цивил, Слободен софтвер, Младински образовен форум (МОФ), ХОПС и Метаморфозис ги презентираа Документите за јавни политики, базирани на истражувања со цел да ги оправдаат своите барања за законски измени. Нивните иницијативи се однесуваат на различни сфери од општественото живеење: (не)заштитени права на пациенти, последици за граѓаните од неефективно судство, дискриминација на студенти, малолетнички бракови и сл.