Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави истражувањето „Поврзување со граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија“, чија цел е да утврди колку често и за кои цели граѓанските организации користат дигитални комуникациски алатки и техники за да ги пренесат своите пораки до јавноста и целните групи. Анализата се осврнува кон користа од дигиталното комуницирање, особено кога традиционалните медиуми се недостапни за граѓанските организации. Истражувањето исто така се осврнува и кон искуствата на некои од граѓанските иницијативи кои беа актуелни во јавноста во изминативе неколку години (Протестирам, Шарена револуција, Студентски пленум), кои се потпираа на социјалните медиуми во комуникацијата со јавноста и целните публики.
ПОВИК ДО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКИ ЗА ПОЕФИКАСНО КОМУНИЦИРАЊЕ СО ЈАВНОСТА ПРЕКУ УПОТРЕБА НА ДИГИТАЛНИ МЕДИУМИ
Институтот за комуникациски студии (ИКС) објавува повик за граѓански организации за учество на обуки за поефикасно комуницирање со целните публики, преку користење на дигиталните медиуми. Целта на овој повик е граѓанските организации да воспостават подобра интерактивна комуникација, поефективно да ја мобилизираат поддршката на граѓаните и подобро да ги презентираат резултатите од својата работа во јавноста. Повикот се реализира во рамки на проектот „ДигитАКТ: Комуницирање за промени“, поддржан од програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика Мобилитас.
Моника Аксентиевска од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е меѓу 60-те млади учесници на 10-тиот Младински форум што го организира УНЕСКО во Париз на 25 и 26 октомври.
Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави документот за јавни политики „Зајакнување на професионалните стандарди или ерозија на слободниот говор: регулација на онлајн медиумите во Македонија“, чија цел е да ги анализира регулаторните аспекти на онлајн медиумската сфера во Македонија и во регионот. Документот се осврнува кон поимот и различните гледишта за онлајн медиумите, потоа ја анализира европската регулатива од областа, но и домашното законодавство.
Средношколскиот весник „Медиум“ и Коалицијата за медиумска писменост основани од Високата школа беа претставени на еден од најзначајните европски настани за медиумска писменост во Европа Media Meets Literacy што се одржа од 18-21 септември во Сараево.
Проблемите со кои се соочува медиумската индустрија во Косово, Албанија и Македонија се слични на оние во Италија и земјите на ЕУ. Овие земји се соочуваат со технолошки детерминизам, каде општествениот капитал и вредностите во општеството не се создаваат во социјалните медиуми.