Претставници од 11-тина граѓански организации учеа како да ги претстават своите барања за законски измени пред пратениците, собраниските комисии и другите закононавни тела. На дводневната обука за застапување и лобирање, што во февруари ја организираше Вестминстер фондацијата за демократија во соработка со Високата школа за новинарство и за односи во рамки на проектот „Граѓаните во собранието“, учесниците учеа како се прави комуникациски план за застапување и лобирање со коишто подобро ќе ги презентираат и застапуваат своите инцијативи. Посебен акцент се стави на вештините за развивање пораки упатени кон различните целни публики.
Граѓанските организации овие знаења стекнати на обуката ќе треба и практично да ги применат, развивајќи сопствен комуникациски план за застапување и лобирање, изработен и спроведен со менторска поддршка.