Иако 65 проценти од вработените во големите и средните компании во Македонија сметаат дека родовата рамноправност во управувањето е многу важна, дури 60 отсто велат дека нивната компанија нема спроведено активности за полово врамнотежено управување и не планира да го направи тоа. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето за родова застапеност на раководни позиции во Македонија, кое Институтот за комуникациски студии во соработка со Институтот Изида Вита од Словенија го реализираше од април до јуни оваа година.
Новинарството во Југоисточна Европа (ЈИЕ) се наоѓа во криза како никогаш досега. Корпоративните интереси и интересите на сопствениците на медиуми најчесто се ставаат над јавниот интерес. Врските помеѓу владејачката политичка елита и медиумските сопственици влијаат врз уредувачката политика, и врз слободата на новинарите за критичко опсервирање на општествените настани.
Коментари од Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и од Институтот за комуникациски студии(ИКС) кон Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ)
ResPublica започна соработка со Project Syndicate, глобалнатa веб платформа која објавува анализи од водечки светски иноватори во економијата, политиката, здравството, технологијата и културата. ResPublica ќе прави избор од нивните блоговите и ќе ги реобјавува на македонски јазик.
Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Високата школа за новинарство и односи со јавноста се дел од организацискиот одбор на научната конференција „Медиумска историја и медиумска трансформација“ која ќе се одржи во Приштина, Косово на 23 септември, 2017 година. Главниот организатор на конференцијата е ААБ Колеџот за комуникации од Приштина.
Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави документот за јавни политики „Кампањи од јавен интерес на македонски начин: информирање на граѓаните или политичка пропаганда?“, чија цел е да утврди дали кампањите од јавен интерес кои беа спроведувани во медиумите во Македонија изминативе неколку години беа навистина од јавен интерес или служеа на интересите на политичките елити или на други институции. Потоа, на кој начин се спроведуваа кампањите од јавен интерес, дали постојат показатели за нивното влијание врз јавноста, кои медиуми најчесто ги објавуваа овие кампањи, и кој најчесто беше нарачател на кампањите од јавен интерес?