Како да се подобри соработката меѓу медиумите и граѓанските организации беше темата на тродневниот семинар што се одржа во Охрид во март 2017. Граѓанските организации освен што ги претставија своите иницијативи за законски измени, во неформална дискусија со новинарите разменуваа практични совети и искуства како да ги промовираат своите барања, што ги иницираа во рамките на проектот „Граѓаните во Собранието“.
На семинарот учествуваа 13-тина новинари од национални и локални, електронски и печатени медиуми и претставници на 11 граѓански организации кои бараат 10 законски измени со кои се регулираат различни области за човекови права. Како обучувачи на семинарот беа Зоран Димитровски, долгогодишен уредник и новинар во неделникот „Фокус“ и Александра Теменугова од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Семинарот го организираше Вестминстер фондацијата за демократија во соработка со Високата школа.