Во тек е процесот на менторирање на 11-те граѓански организации чии иницијативи за законски измени беа избрани во рамки на проектот „Граѓаните во Собранието“, а се однесуваат на подобрување на заштитата на различни човекови права. Во оваа фаза граѓанските организации подготвуваат комуникациски план за застапување и лобирање кој треба да им помогне во зајакнување на вештините за поефикасно преставување на своите иницијативи пред законодавните тела.
Менторството го вршат предавачи од Високата школа и поранешни пратеници. Процесот почна во февруари 2017 година.