Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави документот за јавни политики „Слободата на изразување наспроти говорот на омраза во медиумите во Македонија“, чија цел е да ја анализира состојбата со говорот на омраза во традиционалните и онлајн медиуми во Македонија и во регионот. Документот ја анализира европската и македонската регулатива од областа, а се осврнува и на случаи од практиката во Македонија каде што може да се идентификува говор на омраза.
Претставници на 16 граѓански организации се обучуваа како да ја сегментираат публиката, да креираат ефективни и убедливи пораки, но и како да подготват комуникациски план за да можат подобро да ја презентираат својата работа, да информираат и да мобилизираат граѓани. Исто така, на обуката учесниците имаа можност преку одредени сценарија да вежбаат како да настапат пред камера и новинари но и да слушнат совети од обучувачите Јасмина Миронски и Марјан Танушевски како да го подобрат својот настапат пред јавноста и медиумите.