На 30 мај во дневниот весник „Нова Македонија“ излезе новиот број на месечниот средношколски весник „Медиум“. Прочитајте кој е најдобриот дебатер во Македонија, кои се победничките средношколски иницијативи за промени во заедницата, спортските фаворити на овогодинешната „Гимазијада“, новинарската лабораторија во Штип и слични содржини блиски до тинејџерите.
Мајското издание на „Медиум“ е последно за оваа учебна година. Школата, во соработка со „Нова Македонија“ ќе продолжи да го публикува „Медиум“ повторно во септември.
„Медиум“ е дел од активностите на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста за поттикнување на медиумската писменост во средното образование, во рамките на проектот „Македонска коалиција за медиумска писменост“, финансиран од Европската Унија.