Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ организира конференција „Медиумската писменост како предуслов за активно граѓанство“ којашто ќе се организира на 27 септември (вторник) во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје од 10.00 - 14.00 часот.
На конференцијата ќе се презентира извештајот од истражувањето „Медиумската писменост во Македонија низ призмата на средното образование, граѓанскиот сектор и медиумите“. Во истражувањето учествуваа ученици и професори на средни училишта, медиуми, претставници на граѓанскиот сектор и на институции чија надлежност е во корелација со темата. Извештајот преставува само еден сегмент од проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: основање коалиција за медиумска и информациска писменост“, којшто го финансира Европската Унија.
Врз основа на наодите во извештајот се развиени критериумите за доделување грантови на граѓанските организации во земјата, кои во партнерство со медиумите, следниот месец треба да предложат иницијативи за едукација и јакнење на свеста за значењето на медиумската писменост, разбирање на медиумските содржини и употреба на медиумите како канал за артикулирање на интересите на граѓаните. Грантови се обезбедени за осум граѓански организации, кои заедно со своите медиуми-партнери ќе бидат основачи на Коалицијата за медиумска писменост. Повикот е во тек и за него ќе се дискутира на настанот.
Обезбеден е превод на албански и на англиски јазик. За учесниците од внатрешноста се покриени патните трошоци. Настанот ќе може да се следи во живо преку видео-стриминг, достапен на: www.medium.edu.mk; www.vs.edu.mk.
Заинтересираните учесници можат да го потврдат своето присуство најдоцна до 23-ти септември (петок), до 12 ч. на тел. 02/30 90 004 или на е-маил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.">