Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста објавува повик за доделување грантови за граѓански организации за иницијативи со кои ќе се промовира медиумската и информациската писменост во земјата.

Предложените иницијативи треба да се насочени кон едукација и јакнење на свеста на граѓаните за значењето на медиумската писменост, разбирање на медиумските содржини и употреба на медиумите како канал за артикулирање на граѓанските интереси и активно учество во јавната сфера. Иницијативите треба да се реализираат во партнерство со најмалку еден медиум.

Активности: Граѓанските организации треба да понудат некои од следните активности:

  • Предлог кампања која ќе предизвика позитивна промена во општеството преку активно учество на граѓаните во јавни настани, дебати, медиумски содржини креирани од и за граѓаните, петиции, социјални медиуми и сл.
  • Едукација на граѓаните како да пристапуваат до информации што ги засегаат, да стекнат знаења за критичка перцепција на медиумските содржини, да стекнат вештини за користење на новите или традиционалните медиуми за себеизразување и за успешна комуникација со јавноста.
  • Инвентивни медиумски содржини за подигнување на свеста за правата на маргинализираните групи и луѓе со попречености
  • Медиумска продукција и едукација за разбирање на влијанието на медиумските содржини врз културата и општествените текови преку разобличување на скриените пораки, идентификување на маркетинг и комуникациски стратегии и сл.

Финансиска и друга поддршка: Избраните иницијативи (осум вкупно) ќе добијат: 1. Грант до 5.000 евра во денарска противвредност; 2. Обуки за претставниците на граѓанските организации и на медиумите; и 3. Менторство при реализација на проектите.

Аплицирање и краен рок: Заинтересираните граѓански организации треба ја достават пополнетата апликација и другите документи наведени во повикот, до адресата на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста (Јуриј Гагарин, 17-1/1, Скопје), не подоцна од 20 октомври 2016 год. (16 ч.).

Сите информации во врска со повикот се објавени на www.medium.edu.mk.

Лице за контакт: Александра Теменугова; This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., тел. 02 30 90 004

 

 Апликација    Изјава од апликантот    Изјава од медиумот    Буџет