Д-р Жанета Трајкоска, предавач на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е избрана за член на Научниот комитет за избор на академски трудови во рамки на Глобалната недела за медиумска и информациска писменост (Global MIL Week 2016), што ја организира УНЕСКО и Алијансата на цивилизации при ОН.
Научниот комитет треба да избере 30 најдобри академски трудови и презентации за последните достигнувања, студии на случај и нови технолошки дострели што ги пријавиле истражувачи и практичари во сферата на комуникациите и медиумите од цел свет. Изборот на трудови е само еден од бројните активности кои ќе се случуваат од 30 октомври до 5 ноември 2016, неделата кога се слави значењето и важноста на медиумската и информациската писменост.
Високата школа, во доследност на своите активности и неколкугодишното членство во МИЛИД мрежата на универзитети и ГАПМИЛ, се приклучува на повикот на организаторите, заеднички да се прослави овој меѓународен годишен настан, кој се одржува по шестти пат.