Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Коментари од Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и од Институтот за комуникациски студии(ИКС) кон Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ)

Почитуван министре Манчевски,

Во продолжение Ви ги доставуваме нашите коментари и предлози со цел подобрување на текстот на Предлог--законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги((ЗААМУ)

  • Предлог-законот вклучува најголем дел од забелешките нотирани во нашите досегашни реакции и предлози за измени на ЗААМУ кои се однесуваат на поставеноста и функционирањето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и на Јавниот сервис-МРТ.
  • Предлагаме мандатот на членовите на Советот на АВМУ да биде 6 или 7 години, без право на повторен мандат (член 15 од ЗААМУ). На тој начин ќе се оневозможи „врзување“ за позицијата на долг рок, што беше и се уште е пракса во сегашниот совет (со оглед на тоа што со секое донесување на нов закон, дел од членовите на Советот повторно добиваа нов мандат).
  • Сметаме дека членовите 62а и 62б во предложениот закон, кои се однесуваат на политичкиот плурализам во вестите, во дебатите, во дневно-информативните и во контактните емисии, се непотребни и треба да се избришат. Потребно е да се отвори стручна дебата со цел да се утврди дали и на кој начин може да се унапреди политичкиот плурализам во медиумските содржини, преку објективно, непристрасно и избалансирано информирање со еднаков третман на различните гледишта(член 61 од актуелниот ЗААМУ).
  • Предлагаме во членот 16 од ЗААВМУ (услови за именување) да се вметне дополнителен критериум во ставот 2, во алинеите 1 и 2, со кој ќе се прецизира дека за членови на Советот на АВМУ не може да бидат именувани лицата кои се наведени во продолжение и кои ги извршувале или биле активни на наведените позиции и функции во последните 5 години.  
  • Истиот критериум треба да важи и за Надзорниот одбор на МРТ (ЗААВМУ, член 127, алинеи 1 и 2), каде предлагаме да се вметне одредба дека за негови членови не може да бидат именувани лица кои се наведени во продолжение и кои ги извршувале или биле активни на наведените позиции и функции во последните 5 години.

Веруваме дека ова ќе придонесе кон поголема департизација и деполитизација и на Советот на Агенцијата и на управните органи на МРТ.  

  • Потребно е појаснување во однос на членот 29 од Предлог-законот за ААВМУ, кој се однесува на член 105, став 3 од ЗААВМУ (финансирање на МРТ), во кој како дополнителен извор на средства на МРТ се наведуваат и средствата остварени од емитување на аудио и аудиовизуелни комерцијални комуникации. Со оглед на тоа што со овој Предлог-закон се предлага укинување на радиодифузната такса и на комерцијалното рекламирање на јавниот сервис, потребно е да се прецизира што точно се подразбира под „аудио и аудиовизуелни комерцијални комуникации“.
  • Не го поддржуваме укинувањето на радиодифузната такса и сметаме дека финансирањето на Јавниот сервис од Буџетот на Р.М. е погрешно решение. Веруваме дека со подобрувањето на програмската понуда и со департизацијата на раководните органи на МРТ, ќе се подобри и гледаноста и наплатата на радиодифузната такса. Впрочем, радиодифузната такса е јавна давачка во сите европски земји( исклучок се само Бугарија, Косово и Црна Гора). Сметаме дека е потребно прво да се утврдат потребите на јавниот сервис од програмски и од финансиски аспект и (евентуално) да се утврди износот на буџетски средства со кои еднократно (или во ограничен период) ќе и се помогне на МРТ да ги зајакне техничките капацитети.Потсетуваме дека со измените на ЗААВМУ од 2017 година е предвиден посебен канал на албански јазик, за што во моментот не постои финансиска конструкција.
  • Собранискиот канал треба да биде под целосна одговорност на Собранието на Р.Македонија. Јавниот сервис не треба да биде одговорен за уредувачката политика на овој канал, и тој не треба да се користи за емитување на други програми освен содржини кои се поврзани со работата и функционирањето на Собранието на Р.М.

Со почит,

Институт за комуникациски студии
Македонски институт за медиуми

iks mim