Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Building Trust in Media in SEE 1 vestНовинарството во Југоисточна Европа (ЈИЕ) се наоѓа во криза како никогаш досега. Корпоративните интереси и интересите на сопствениците на медиуми најчесто се ставаат над јавниот интерес. Врските помеѓу владејачката политичка елита и медиумските сопственици влијаат врз уредувачката политика, и врз слободата на новинарите за критичко опсервирање на општествените настани.

Рејтинзите за слобода на медиумите во земјите од ЈИЕ бележат константен пад во последниве неколку години. Од земјите во регионот, Македонија се наоѓа на најниското место (111) во рејтинг листата на Репортери без граници. Црна Гора се наоѓа на 106-то место, додека Косово (82), Албанија (76), Србија (66) и Босна и Херцеговина (65) бележат подобри рејтинзи, но повеќето земји имаат пад во рејтингот во споредба со претходните години.

Ваквите состојби во медиумската сфера корозивно влијаат на новинарското образование и неговиот капацитет. Оттаму, новинарското образование мора да ги научи новинарите како да одржуваат високи професионални стандарди кога се наоѓаат под големи (политички или бизнис) притисоци. Како никогаш досега потребни се програми кои се темелат на знаење, вештини, етика и одговорност во новинарската професија. Улогата на формалното образование по новинарство во подобрување на демократските процеси и медиумски слободи и права досега не е темелно анализирана во регионот на ЈИЕ.

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го изработи истражувањето „Креирање на идеален курикулум за студии по новинарство во ЈИЕ” чија цел е да креира сет на индикатори за оценување на студиските програми по новинарство во земјите од ЈИЕ. Индикаторите ќе им помогнат на факултетите по новинарство во регионот да оценат дали нивните курикулуми по новинарство соодветствуваат на медиумската состојба во нивната држава, и дали им овозможуваат на студентите да се здобијат со новинарски вештини преку кои ќе одржуваат високи професионални и етички стандарди во нивната професија.

Индикаторите се поделени на повеќе категории

  1. Индикатор за содржина на студиските програми;
  2. Индикатор за општествената улога на факултетите по новинарство;
  3. Индикатор за начинот на финансирање и научно-истражувачка работа;
  4. Индикатор за праксата во текот на студирањето во медиумите и медиумските организации;
  5. Индикатор за литературата и наставните материјали и;
  6. Индикатор за наставниот кадар и административните услови за одвивање на студиите)

Секој индикатор содржи повеќе потпрашања. Одговорите на овие прашања покажуваат дали студиската програма по новинарство рефлектира на состојбата во која се наоѓа професионалното новинарство во конкретната држава и дали образованието за новинари игра улога во подобрувањето на демократските процеси во општеството.

Крајниот резултат кон кој се цели со ова истражување е да се подобри новинарското образование во регионот, со тоа што ќе се поттикнуваат високообразовните институции да ги следат препораките опфатени во изработениот документ и да ги оценуваат и модификуваат своите курикулуми по новинарство преку следење на индикаторите утврдени во ова истражување.

Истражувањето беше спроведено во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово, во периодот од февруари, 2016 година до февруари, 2017 година. Анализиран беше начинот на имплементирање на студиите по новинарство  (додипломски/постдипломски) и катедрите во чии рамки се изучува новинарството, соодносот помеѓу теоријата и пракса, квалификациите на наставниот кадар по новинарство, видот на новинарски предмети кои се изучуваат, техничките и просторните услови за работа и научно-истражувачките капацитети на факултетите по новинарство.

Во понатамошниот дел од истражувањето се анализираше и неформалното новинарско образование во земјите од ЈИЕ кои се дел од оваа анализа. Во овој дел е анализирана работата и активностите на медиумските невладини организации и типот на неформално новинарско образование кое тие го спроведуваат, но се анализира и начинот на кој е организирано формалното новинарско образование, при што се анализираат курикулумите по новинарство во секоја од горенаведените земји.

Ова истражување е спроведено од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста како дел од проектот Градење доверба во медиумите во Југоисточна Европа поддржан од ЕУ-УНЕСКО. Целта на проектот е да се врати довербата во медиумите преку почитување на професионалните новинарски стандарди и јакнење на само-регулаторните механизми во новинарството, како и да се зајакне слободата на изразување и слободата на медиумите во Југоисточна Европа и Турција.

Анализата може да се преземе на следниов линк.