Медиумската писменост постои во формалното образование во Македонија, но таа недоволно застапена. Новата Стратегија за образование 2018-2025 не ја третира медиумската писменост како современ концепт за интеграција на медиумските содржини и поттикнување на критичкото размислување кај учениците, иако во документот доминира дигиталната писменост и употребата на информациско-компјутерски технологии. Постои волја за соработка меѓу Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и другите надлежни институции заедно со граѓанскиот сектор, академската и медиумската заедница да се направат напори за осовременување на наставните содржини во основното и средното образование со цел да е унапреди медиумската писменост.
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ организира конференцијата „Медиумската писменост во Македонија: во или вон образованието“ којашто ќе се одржи на 22 февруари (четврток) во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје од 10.00 - 14.00 часот.
Како поефикасно да комуницираат со целните публики преку дигитални медиуми, како да го мерат влијанието кое го имаат преку социјалните мрежи и како да ги воочат различните потреби на различните платформи за дигитална комуникација. Ова беа темите покриени на дводневната обуката за претставници на граѓански организации која ја организираше Институтот за комуникациски студии на 8-9 февруари.