Анализата укажа на тоа дека темите од меѓуетнички и меѓурелигиски карактер беа на врвот на известувањето на сите медиуми, на првите страници во весниците или како теми на денот во радио и телевизиските станици. Лоцирани се неколку отстапувања од новинарските принципи и стандарди од аспект на користењето на изворите, а често се практикувало и наведување нејасни и непрецизни извори или отсуство на каков било извор на информацијата. Посебно загрижува едностраното известување за овие чувствителни теми, а со тоа се доведува во прашање веродостојноста на известувањето и довербата на публиката, особено кога се работи за вакви прашања.
Во известувањето на медиумите за Карневалот во Вевчани и за настаните што следуваа по него беа забележани примери на силен етноцентризам, негативна стереотипизација, како и симптоми на ксенофобија и нетолерантност кон религијата на другите културни групи. Покрај тоа, медиумите за овие настани генерално известуваа низ етно-специфична позиција, односно низ призмата на сопствената етничка група. Лоцирани се и отстапувања од новинарските принципи и стандарди, а најсериозното нарушување е компромитирањето на основните стандарди за непристрасно, точно и балансирано известување.
Анализата се фокусира на начинот на кој медиумите во Македонија, преку спортското известување, можат да ги создаваат, репродуцираат или засилуваат дискурсите што водат кон етноцентристички, стереотипизирачки, ксенофобичен или дискриминаторски ефект кон колективниот ‘Друг’ во земјата. Во анализата е применета критичката дискурзивна анализа која е квалитативен и интердисциплинарен приод во истражувањето на медиумските текстови што става нагласок на нивната функција и значење во конкретниот општествен и политички контекст.
Основните цели на истражувањето се:
Важно е да се нагласи дека ова истражување немаше за цел да ги идентификува медиумите кои најчесто негативно известуваат за различните етнички групи и врз таа основа да ги ’обележи’ како етички непрофесионални и неодговорни медиуми. Напротив, целта е да се откријат, разберат и да се поттикнат внатрешните механизми во редакциите кои можат да помогнат да се репродуцира културната разновидност и говорот на толеранција во и преку медиумските содржини, посочувајќи на најпозитивните практики, примери и искуства.
Македонскиот институт за медиуми и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста започнаа заеднички проект со Фондацијата „Friedrich Ebert Stiftung“, чија основна цел е да се придонесе во поттикнувањето квалитетна јавна дебата за состојбата во која се наоѓа медиумскиот сектор во Република Македонија.
Потребни се подобрувања во системот на управување и надзор над МРТ кои ќе обезбедат институционална автономија и уредувачка независност, градење на поодржлив систем на независно финансирање на јавниот сервис, обновување на продукцијата, жанровска разновидност и поголема застапеност на информациите и случувањата вон главниот град на програмите на МРТ, враќање на третиот (Собранискиот) канал под уредувачката „капа“ на МРТ, и итно интензивирање на процесот на дигитализација и техничко обновување на сервисот, со цел тој да се оспособи да ја обавува својата важна улога во новата, дигитална ера.