Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Истражувања

Анализата се фокусира на начинот на кој медиумите во Македонија, преку спортското известување, можат да ги создаваат, репродуцираат или засилуваат дискурсите што водат кон етноцентристички, стереотипизирачки, ксенофобичен или дискриминаторски ефект кон колективниот ‘Друг’ во земјата. Во анализата е применета критичката дискурзивна анализа која  е квалитативен и интердисциплинарен приод во истражувањето на медиумските текстови што става нагласок на нивната функција и значење во конкретниот општествен и политички контекст.

Важно е да се нагласи дека целта на оваа анализа не е да ја оценува уредувачката политика на поединечните медиуми во известувањето за овој настан, туку да поттикне размислување и дебата меѓу новинарската заедница за ’функцијата’ што еден новинарски текст може да ја врши во поширокиот општествен контекст  преку неговата специфична јазична и наративна структура.

Оваа анализа е изработена од истражувачки тим на Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање формирана во јуни 2011 година, при Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Анализата е прв истражувачки зафат, во рамки на мониторингот на медиумското известување на меѓуетничките и меѓурелигиските прашања воспоставен при оваа Катедра.

Главните согледувања од анализата беа следниве:

  1. Во конкретниот контекст на известувањето за Европското првенство во ракомет не беа идентификувани случаи на експлицитен говор на омраза. Но, кај дел од медиумите беше забележана намерна и лесно препознатлива тенденција кон отворен етноцентризам и прикриена манифестација на негативна стереотипизација.
  2. Генерално, сите медиуми за Европското првенство известуваа низ етно-специфична позиција, односно низ призмата на „сопствената етничка група, што, пред се, е резултат на поделбата на доминантно „македонски“ и доминантно „албански“ медиуми во Македонија. Тоа директно влијаеше врз начинот на дискурзивна контекстуализација на настанот и ја детерминираше нивната реторичка стратегија.
  3. Беа воочени две спротивставени дискурзивни стратегии: стратегијата на „откривање - нагласување“ и стратегијата на „игнорирање - одмолчување“ на инцидентните настани на навивачките трибини. Медиумите на албански јазик го потенцираа меѓуетничкиот аспект на овие инциденти, навредите кон „сопствената“ етничка група, а медиумите на македонски јазик (со ретки исклучоци) речиси да не ја регистрираа навредувачката анти-албанска навивачка реторика. Со тоа на јавноста паралелно ù се „сервираа“ две медиумски вистини.
  4. Реториката која се користеше во известувањето за Европското го помести дискурсот од спортскиот кон политичко-историскиот контекст. Воинствената реторика, сама по себе, не мора да е спорна во спортското известување, но во овој случај нејзиното користење го врамува дискурсот на спортското известување во пошироко воспоставените „наративи“ кои предизвикуваат асоцијации со неспорен етноцентристички ефект. Такви се наративите за „Античкиот Македонец“ или наративот за „Гордиот, но обесправен Албанец.“
  5. Спортското известување има свои специфичности, но тие сепак треба да влезат во општите одредници на ‘доброто новинарство’. Ова особено важи за мултикултурни општества во кои општествената чувствителност на известувањето е секогаш понагласена, поради што дури и темите кои немаат етно-специфичен признак, се претвораат во мегдан на нетолеранцијата.
  6. Анализата укажа на особено сериозен проблем за кој треба да се разговара во новинарската заедница - непристрасноста како принцип на известување најчесто беше компромитирана со тоа што се пренагласуваше само едниот начин на гледање на проблемот, а се запоставуваше другиот. Со фокусирањето на вниманието во една („национализмот“ на навивачите) или друга насока („патриотизмот“ на навивачите), беше нарушено основното правилото за сеопфатно, целосно, објективно и точно информирање на јавноста и етичкиот стандард дека „новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци...“ (член 1 од Кодексот на новинарите на Македонија).
  7. Анализата сериозно го наметна прашањето за интегративната функција на медиумите, мошне значајна за македонското мултикултурно општество, особено на јавниот радиодифузен сервис кому по дефиниција му припаѓа улогата на кохезивен фактор во општеството. Во овој контекст, одлуката на Македонското радио (програма на албански јазик) да не известува за Европското првенство поради навредите упатени кон Албанците, и упатениот апел кон другите медиуми на албански јазик да го сторат истото, сериозно отстапува од неговата со закон дефинирана улога. Загрижува што на ваквата постапка на јавниот сервис не уследи реакција од Советот на МРТ, чија надлежност е да се грижи за нарушувањето на програмските принципи.


Анализата се однесува на сите текстови/прилози или пакети (во онлајн медиумите) поврзани со Европското првенство во ракомет, објавени по 16 јануари 2012 година.