Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Истражувања

Анализата укажа на тоа дека темите од меѓуетнички и меѓурелигиски карактер беа на врвот на известувањето на сите медиуми, на првите страници во весниците или како теми на денот во радио и телевизиските станици. Лоцирани се неколку отстапувања од новинарските принципи и стандарди од аспект на користењето на изворите, а често се практикувало и наведување нејасни и непрецизни извори или отсуство на каков било извор на информацијата. Посебно загрижува едностраното известување за овие чувствителни теми, а со тоа се доведува во прашање веродостојноста на известувањето и довербата на публиката, особено кога се работи за вакви прашања.

Предмет на оваа квантитативната анализа е медиумското покривање на прашањата од мултиетнички и мултирелигиозен карактер, односно формата и содржината на текстовите, прилозите и онлајн пакетите во печатените, електронските и онлајн медиумите во Македонија. Набљудувањето и анализата се сосредоточени на „најрелевантните теми од јавен интерес за сите групи и заедници“ кои поттикнаа широка општествена дебата во периодот кога беше реализирано истражувањето – од 16 јануари до 12 февруари 2012 година. Притоа, анализата е фокусирана на емпириска верификација и вреднување на интензитетот, формите и содржината на медиумското покривање на настаните, како и на почитувањето на професионалните новинарски стандарди во информирањето на јавноста.

Ова истражување е реализирано како дел од активностите на Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање, формирана при Високата школа во јуни 2011 година, со одлука на организацијата на УНЕСКО во Париз. Истражувањето е дел од пошироката иницијатива на Високата школа чија цел е квалитетно да се подобрат професионалните стандарди во медиумското известување за различностите и да се зајакне улогата на медиумите во подобрувањето на меѓуетничкиот и меѓукултурниот дијалог и соработка на различните заедници и групи во Република Македонија.
Заклучоци

Известувањето на медиумите во Македонија за теми од меѓуетнички и меѓурелигиски карактер беше насочено на неколку прашања: Вевчанскиот карневал и настаните, директно или индиректно поврзани со карневалот, палењето на македонското знаме, опожарувањето и испишувањето на графити на цркви, реакциите на социјалните мрежи, седниците и средбите по повод овие настани, препукувањата помеѓу политичките партии кој предизвикал меѓуетнички тензии, потоа Европското првенство во ракомет, промената на имињата на неколку училишта во општината Чаир во Скопје, поставувањето на камен-темелник за изградба на новиот плоштад Скендер-бег во Скопје или 100-годишнината од албанското знаме и независноста на Албанија, како и интегрираното образование, но и проектот за интегрираното образование на Владата и ОБСЕ.  Генерално, сите медиуми најголемо внимание посветија на Вевчанскиот карневал и настаните што следеа, но со различен обем во известувањето. Најмногу простор и време за овие прашања имаат издвоено печатот и телевизиските станици.

Тие речиси редовно беа на врвот во известувањето во сите медиуми, на првите страници во весниците или како теми на денот во радио и телевизиските станици, богато илустрирани со фотографии или актуелни снимки земени на местата каде се одвиваа настаните кај телевизијата и весниците, но со сиромашна аудиопрезентација кај радиото и скромна визуелизација кај онлајн медиумите.

Радио и телевизиските станици како и онлајн медиумите меѓуетничките и меѓурелигиските прашања најчесто ги покриваа со информативните жанровски форми (извештаи и вести/проширени вести), што соодветствува на карактерот на информативните емисии, а печатот и со аналитички форми (анализи и коментари), што пак кореспондира со природа на вој тип медиуми.  Кај одделни медиуми постои практика најавувањето на прилозите да се користи како коментар, со цел да се влијае на мислењето на публиката, односно настаните да се прикажат од субјективниот агол на новинарот.

Од аспект на користењето на изворите, беа лоцирани неколку отстапувања од новинарските принципи и стандарди. Иако медиумите главно се придржуваа кон правилото да цитираат прецизни извори на информации, често се практикува наведување нејасни и непрецизни извори или отсуство на каков било извор на информацијата. Посебно загрижува едностраното известување за овие чувствители теми. Со тоа се доведува во прашање веродостојноста на известувањето и довербата на публиката, особено кога се работи за меѓуетнички и меѓурелигиски прашања.

Големи отстапувања од овој новинарски стандард има кај јавниот радиодифузен сервис, кај кој се забележува различна уредувачка политика на двата програмски сервиси – МТВ1 и МТВ2. Иако, МТВ има примарна обврска да ја промовира социјалната кохезија, кај вестите на албански јазик, дури 92,3% од прилозите имаат извор само од една страна, додека пак во вестите на македонски јазик во 83,4% од прилозите се посочуваат извори од две или повеќе страни.

Најсериозни забелешки на медиумите можат да им се упатат поради нарушувањето на основните стандарди за непристрасно, точно и балансирано известување, што е видливо од анализата на пристапот на медиумите („позитивен“, „негативен“, „амбивалентен“ или „неутрален“). Кај најголем број медиуми постои пристрасен приод кон актерите и настаните од меѓуетнички и меѓурелигиски карактер, било во „негативна“ или во „позитивна“ насока. Без оглед за каков настан се работи, а особено ако тој е од „чувствителна“ мулти- етничко/религиозна димензија, најмалку што се очекува од новинарите и медиумите е преку „негативна“, еднострана диоптрија, „позитивна“, субјективна, некритична поддршка или „амбивалентна“, позитивно-негативна визура да ги оценуваат настаните и актерите. Вестите како информативна програма имаат големо влијание врз формирањето или зајакнувањето на ставовите и уверувањата на публиката кон припадниците на другите заедници и затоа почитувањето на професионалните принципи за непристрасно и објективно информирање е од исклучително значење.