Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

konferencija za mediumska pismenost vo ili von obrazovanieto 2018Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ организира конференцијата „Медиумската писменост во Македонија: во или вон образованието“ којашто ќе се одржи на 22 февруари (четврток) во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје од 10.00 - 14.00 часот.

На конференцијата ќе се дискутира дали и колку е присутна медиумската писменост во нашиот образовен систем во однос на неодамна усвоената Сеопфатна стратегија за образованието 2018-2025 и тековните реформи на Министерството за образование и наука.

На настанот ќе се презентираат иницијативите на осумте граѓански организации и осумте медиумски партнери во рамки на Коалицијата за медиумска писменост што во 2016-тата ја основаше Високата школа. Нивните заеднички активности беа поддржани со грантови од Европската Унија, со цел да ја унапредат медиумската писменост во земјата. Во изминатите осум месеци, преку овие иницијативи се продуцираа различни медиумски содржини креирани од и за маргинализираните групи граѓани, имаше едукативни активности за младите да можат критички да ги перцепираат вестите и да умеат да ги препознаваат професионалните новинарски стандарди.

Обезбеден е превод на англиски јазик. За учесниците од внатрешноста се покриени патните трошоци. Настанот ќе може да се следи во живо преку видео-стриминг на www.medium.edu.mkwww.vs.edu.mk.

Заинтересираните учесници може да го потврдат своето учество до 20-ти февруари (вторник), до 12 ч. на тел. 02/30 90 004 или на е-маил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.. Лице за контакт: Лејла Шабан. 

Агенда за настанот:    МКД       ENG