„Емитување вести - пишување, известување и продуцирање“ oд Ред Вајт и Френк Барнс е дело на легендарните ѕвезди на Си-Ен-Ен која за прв пат се преведува на македонски јазик со цел да се пополни празнината во домашната литература за современите трендови во електронското новинарство.
„Современ македонски јазик во областа на новинарството и на односите со јавноста“ oд Татјана Б. Ефтимовска e учебник за предизвиците со кои се соочува современиот македонски јазик и како треба да се негува во медиумите и од јавните личности.
„Слобода на изразување, јавен интерес и медиумската регулација“ Од Снежана Трпевска е учебник за студенти и за медиумски професионалци за меѓународните стандарди и домашната регулатива за медиумската област.
Конкурсот за доделување стипендии „Изрази се преку медиумите" на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста денеска е презентиран пред матурантите од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола. Конкурсот се распишува трета година по ред и на него може да се пријават сите матуранти кои имаат интерес за медиумите, новинарството, комуникациите и односите со јавноста.