Кое е најдоброто место за читање книга. Зависи од расположението и навиките. Младите студенти на Високата школа за новинарство и на МИМ организираа акција насловена „Читај секаде“. Финалниот дел од акцијата се одржа денеска на улица Македонија под име BOOKing party.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=84382
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и радиото Клуб ФМ, со медиумска поддршка на „Нова Македонија“, спроведуваат кампања за поттикнување на свеста за читање книги на различни места низ градот, со наслов „Читај секаде“.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12911939144&id=16&setIzdanie=22451
Голем број љубители на книжевноста завчера беа присутни на почетокот на кампањата „Читај секаде“ во книжарницата „Матица“, во организација на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и радиото Клуб ФМ.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1127112220286&id=16&setIzdanie=22442
Во НУБ „Свети Климент Охридски“ денеска почна вториот дводневен Саем на стипендии „Стипендии Експо 2011“ што го организира Образовниот информативен центар во соработка со Високата школа за новинарство и односи со јавноста поддржани од Амбасадата на Република Словачка и Австралиската канцеларија за миграција.
Триесетина студенти на Високата школа со различна религиозна вероисповед учеа за другите религии преку фотографирање на карактеристичните елементи на неколку верски објекти. Тие ги посетија Католичката црква и Методистичко-евангелистичката црква во Скопје и Шарената џамија во Тетово.