Триесетина студенти на Високата школа со различна религиозна вероисповед учеа за другите религии преку фотографирање на карактеристичните елементи на неколку верски објекти. Тие ги посетија Католичката црква и Методистичко-евангелистичката црква во Скопје и Шарената џамија во Тетово.