Едногодишното работење на Високата школа покажа дека професорите се посветени и секогаш достапни, а колегите искрено заинтересирани за тимска работа.
Запишувањето на Високата школа за новинарство и односи со јавноста само ја потврди сликата која ја имав за неа. Таа е одличен избор за сите кои вистински го сакаат и го почитуваат новинарството. Одличен почеток за едно поинакво високо образование кое изобилува со теренска работа. За кусо време ја почувствувавме динамиката во редакцијата, мирисот во печатницата, моќта на добриот лид…
Има ли поголема моќ од таа да се господари со јазикот? На часовите по Современ македонски јазик 1 и 2 во Високата школа за новинарство и за односи со јавноста нема поголема лекција од онаа да се учи, да се познава и да се почитува сопствениот јазик. Да се чита македонската книжевност, да се биде среќен кога ќе се открие енергијата на зборот. Да се биде писмен и гласен. Ова е школа која знае дека секој што „пишува гласно и зборува моќно“ тоа го прави преку своето најголемо оружје – јазикот.