Едногодишното работење на Високата школа покажа дека професорите се посветени и секогаш достапни, а колегите искрено заинтересирани за тимска работа.
Иако сум вонреден студент, клучните информации од студиите и предавањата редовно стигнуваат до мене, затоа што тука студентот е во центарот на случувањата. Моето професионално искуство како ПР менаџер денес дефинитивно добива форма, тежина и повисоки резултати. Во моето работење во адвертајзинг-агенцијата „Њу Момент“, многу полесно можам да одлучам која е вистинската комуникациска алатка за остварување поголем ефект и повисоки цели на моите клиенти.