Има ли поголема моќ од таа да се господари со јазикот? На часовите по Современ македонски јазик 1 и 2 во Високата школа за новинарство и за односи со јавноста нема поголема лекција од онаа да се учи, да се познава и да се почитува сопствениот јазик. Да се чита македонската книжевност, да се биде среќен кога ќе се открие енергијата на зборот. Да се биде писмен и гласен. Ова е школа која знае дека секој што „пишува гласно и зборува моќно“ тоа го прави преку своето најголемо оружје – јазикот.
„Надвор ветрот носи убаво време, а ти метни си орелски крилја и ако носиш нешто неизречено, кажи го зашто зборот се двои од темнина; погледни, одеднаш силно светнал ден, на кој судбинско нешто се плело за века од тој водопад меѓу моиве две раце.“