This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 2001 година на насоката деловна бизнис економија. До 2004 работи во Македонскиот центар за меѓународна соработка во спроведување на бројни домашни и меѓународни проекти за општествениот развој на Македонија.
Во 2006 магистрирал на Европска економија и меѓународни финансии на Универзитетот Тор Вергата во Рим, а во 2008 година ги завршува специјалистичките студии по Корпоративно управување на Универзитетот Св.Кирил и Методиј - Скопје.
Во периодот 2007 – 2008 година работи во Кабинетот на Ректорот при Универзитетот Св.Кирил и Методиј-Скопје како одговорно лице за односи со јавноста, студентско радио и развивање на мрежата на алумни.
Изминативе години бил вклучен во спроведување на голем број на анализи и стратегии, од кои позначајните се однесуваат на следниве сектори: високото образование, општествена одговорност, урбанизам, домување и туризам.
Има објавено голем број на трудови и учествувано на меѓународни конференции.