Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Студиска програма
Новинарство

Предметот опфаќа содржини од областа на морфосинтаксата, лексикологијата и лексикографијата, синтаксата, стилистиката и културата на јавниот говор. Надоврзувајќи се и надградувајќи се врз содржините од предметот Современ македонски јазик 1, овде влегуваат темите за морфосинтаксичките одлики на зборовните групи, навлегувањето зборови од други јазици во македонскиот лексички фонд, градбата на речениците, белезите на различните функционални стилови (особено јазикот на јавноста) и стилските фигури, како и елементите што ја сочинуваат културата на јавното говорење.

Знаења и вештини

Предметот ќе ги оспособи студентите:

  • Да бидат способни да ги согледаат првичните и вторичните значења на зборовите и конструкциите, како и правилно и ефектно да ги употребуваат;
  • Да стекнат сознанија за различните зборови прифатени од туѓи јазици во македонскиот лексички фонд и да ги употребуваат со вкус и умереност;
  • Да познаваат и да користат различни видови речници на македонскиот јазик;
  • Да ги согледаат современите текови на македонскиот јазик и да развијат способност за поврзување, приемчивост и отвореност кон соседните, како и кон светските современи јазици;
  • Да бидат солидно описменети на синтаксичко и на стилистичко ниво;
  • Да владеат со фигуративниот говор и ефектно да го применуваат во сопствениот јазичен израз;
  • Да ја изградат сопствената јазична и комуникациска компетенција;
  • Да стекнат способност за оригиналност и автентичност на сопствениот израз во духот на современиот македонски јазик;
  • Да стекнат свест за примена на стандардниот македонски јазик во сите јавни пројави и настапи.

 

Факти

Траење: еден семестар (февруари-јуни)
Задачи: вежби, работа на терен, практични задачи

Литература

Ефтимоска, Татјана Б. Современ македонски јазик во областа на новинарството и на односите со јавноста. Скопје: Висока школа за новинарство и за односи со јавноста, 2010

Предавач


М-р Татјана Б. Ефтимовска