„Во периодот од 25 февруари до 3 март, кај медиумите не е регистриран случај во кој експлицитно се повикува на насилство, но се забележани случаи на потпалувачки говор во кои имплицитно се сугерира таков расплет“ стои во првиот извештај на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста за мониторингот на известувањето на медиумите во предизборието.
Сепак, експертскиот панел регистрира стереотипизирачки и негативен говор, како и етнички пристрасна поставеност на агендата во новинарското известување. Постои и говор на демонизација на политичките актери и значително кршење на професионалните стандарди на вистинито, објективно и непристрасно известување. Во извештајот не се утврдени сериозни пробивања кои се однесуваат на маргинализирани групи и/или поединци, иако има некои примери каде постои злоупотреба на ранливи категории луѓе.
Во мониторингот на Високата школа, кој е дел од проектот „Набљудување на известувањето на медиумите за партиско – политичките и меѓуетничките прашања во текот на изборниот период“ и реализиран со поддршка на Холандската амбасада и Мисијата на ОБСЕ во земјава, се анализирани 21 влијателни медиуми со дневно-информативни содржини (дневните весници Дневник, Вечер, Утрински весник, Нова Македонија, Фокус, Коха и Лајм, радио станиците Македонско радио, Канал 77, Македонско радио 2 (албански јазик), ТВ станиците МТВ 1, МТВ 2, Сител, Канал 5, Телма, Алфа, ТВ 24, Алсат-М и онлајн медиумите Плусинфо, Курир и Порталб). Аналитичарите алармирале за 257 текстови и прилози, од кои 83 се опфатени во квалитативната анализа.
Ова е прв од трите извештаи од Механизмот за набљудување и рекација на медиумското известување при Катедрата на УНЕСКО за медиумите, дијалог и заемно разбирање, во кој се сублимира известувањето на медиумите за време на кампањата за локалните избори.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РАЗЛИЧНОСТИТЕ: ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ, ДОМАШНА ПРАВНА РАМКА И ЕТИЧКИ КОДЕКСИ
INFORMIM PËR DIVERSITETET: STANDARDE EVROPIANE, KORNIZË VENDORE JURIDIKE DHE KODEKSE ETIKE
DIVERSITY REPORTING – EUROPEAN STANDARDS, DOMESTIC LEGISLATION AND CODES OF ETHICS
ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ ЗА МЕДИУМСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗБОРНИ КАМПАЊИ
STANDARDE EVROPIANE PËR INFORMIM MEDIATIK PËR FUSHATA ZGJEDHORE