Преку предметот студентите треба да се запознаат со концептот на инклузивното новинарство, односно со принципите на граѓанското новинарство и на известувањето за различности. Тој им дава можност да ја преразгледаат улогата на новинарството и новинарите од аспект на односот со публиката/јавноста и во тој процес да стекнат знаења за еден поинаков начин на реализирање на новинарската работа.
Знаења и вештини
• да се развие подлабока свесност за функционирањето на медиумите во секојдневниот живот
• да се стекне способности да ги проучат ефектите на медиумите врз поединците и нивните култури
• да се стекне способност критички да согледаат некои од основните постулати на новинарството, како на пример објективноста, принципите врз основа на кои се определува што е настан и кој настан каков третман/обработка заслужува;
• да се стекне разбирање дека високото ниво на професионалност во новинарството се постигнува со континуирано анализирање и превреднување на општествените настани и норми, но и на сопствената улогата во професијата и во општеството.
Факти
Траење: еден семестар (септември-јануари)
Задачи: вежби, работа на терен, практични задачи
Литература
м-р Марина Тунева и м-р Емилија Петреска Камењарова, „Медиумите, граѓаните и интеркултурните комуникации“, Едиција „ExLibris“, Висока школа за новинарство и за односи со јавноста
Предавач
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.">This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.">
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.