Дипломската работа е завршен проект што ги интегрира знаењата и вештините кои студентот ги стекнал за време на студиите во текот на шесте семестари. Дипломската работа на студентите по корпоративни комуникации и односи со јавноста се состои од изработка на комуникациска стратегија.
Проектот се спроведува на крајот од шестиот семестар откако студентот ги положил сите предмети предвидени со наставната програма. Студентот е целосно самостоен во водењето и извршувањето на задачите што се дел на дипломската работа. При изработката, голема улога играат способноста и одговорноста на студентот за навремено и правилно планирање, водење и управување на еден проект. Постапката се реализира под менторство на предавач на Високата школа, во точно прецизирани рокови, а проектот се брани по одобрување од страна на менторот пред комисија за оценување на дипломската работа.
Изработката на дипломската работа се реализира преку три чекори:
• поднесување и одобрување на предлог-проект,
• изработка на проект и проектен извештај и одобрување за одбрана и
• одбрана и оценување на дипломската работа.