Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Студиска програма
Односи со јавноста

Предметот ги опфаќа основните економски категории и принципи, со намера студентите да ги разберат причинско-последичните врски на економските текови во земјата и во странство и, врз основа на тоа, компетентно да известуваат за нив. Студентите се запознаваат со основите на макроекономијата, бруто-домашниот производ, условеноста на економскиот развој на земјата, невработеноста и  инфлацијата. Вториот дел од предметот е фокусиран на економскиот развој во Македонија во контекст на глобалната економија: светските финансиски кризи, зошто во нашиот капитализам бегаме од планската економија, македонската берза споредена со светските берзи. 

Знаења и вештини

Предметот им овозможува на студентите:

  • да ги знаат и разбираат основните категории и принципи во сферата на економијата кои се од значење за функционирањето на националната економија и на меѓународните економски односи;
  • да ги детектираат проблемите во финансиската сфера, да побараат соодветни одговори и истите правилно и навремено да ги презентираат на јавноста;
  • компетентно да ја информираат јавноста за проблемите со кои се соочуваат граѓаните кои се директно засегнати од прашањата за кои ќе известуваат;
  • да ги разбираат и анализираат проблемите со невработеноста, инфлацијата, распределбата на доходот и сиромаштијата како макроекономски проблеми;
  • да читаат финансиски извештаи;
  • да ги усовршат техниките за известување за економски теми со едноставен и разбирлив речник, приемчив за просечниот граѓанин

 

Задолжителна литература

  • Д-р Томе Неновски: Макроекономија, University American College, Скопје, 2008
  • Проф. д-р Владимир Кандикјан и проф. д-р Тодор Рушков: Економика, Прв дел-Микроекономика, Economy press, Скопје, 2003
  • Проф. д-р Михаил Петковски, Финансиски пазари и институции, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, Економски Факултет Скопје

 

Факти за предметот

Траење: еден семестар (септември – јануари)
Задачи: вежби, работа на терен, практични задачи

Предавач

д-р доц. Крсте Шајновски