Предметот им овозможува на студентите да ги развијат и подобрат своите јазични, говорни, писмени и професионални комуникациски вештини на англиски јазик. Материјалите предвидени за овој предмет вклучуваат оригинални текстови, вежби за подобрување на усното и писменото искажување како и пригодни текстови и творби од интерес на студентите.
Знаења и вештини
Предметот им овозможува на студентите:
- да стекнат подобро знаење и да ги подобрат лингвистичките и комуникациските вештини на англиски јазик;
- да можат да анализираат текстови и теми поврзани со масовните медиуми како односи со јавноста, новинарство и сродни дисциплини
- правилно да ги користат граматичките правила и правилата за зборообразување се со цел за подобрување на општото знаење на англискиот јазик.
- да ги подобрат вештините на пишување преку вежби за пишување на есеи, истражувачки стории и текстови со кои го искажуваат своето мислење.
- да можат критички да се осврнат на идеи кои се однесуваат на теми од нивен професионален и приватен интерес.
Факти за предметот
Траење: еден семестар (септември-јануари)
Задачи: вежби, работа на терен, практични задачи
Литература
- S.G.Haishina, English for Journalists, 2007
- P. Solovyov and E. Savich, English for Information and Communication Students, 2007
Предавач
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.