Предметот ги изучува основите на маркетингот, појавата и потребата од маркетинг и неговите составни делови, маркетинг концептите и стратегиите кои се користат во глобалниот бизнис и околината. Воедно, едeн дел на предметот се концентрира на брендинг како важен дел од маркетинг и влијателна гранка во денешниот бизнис свет - начинот на кој се создава и одржува еден бренд и неговото значење за една компанија.
Знаења и вештини
Предметот им овозможува на студентите:
- да стекнат знаење и разбирање за основните на маркетингот, да ги знаат неговите составни делови, и што е, а што не е маркетинг;
- да може да расудуваат дали некоја активност е дел од маркетингот или не, да може многу лесно и едноставно да оценат дали и каков маркетинг применува некоја компанија во своето работење;
- да навлезат во филозофијата на интегрирани маркетинг комуникации;
- да навлезат во основите на интернет маркетингот;
- да препознаат што е бренд, кои се каратетристики на брендот, какви видови брендови постојат, како се гради бренд, како се раководи и управува корпоративен бренд.
Факти за предметот
Траење: еден семестар (септември-јануари)
Задачи: вежби, практични задачи
Литература
Philip Kotler, Principles of Marketing,
George E. Belch & Michael A. Belch, Advertising & Promotion: Integrated perspective for marketing communications, 2007
Jean Noel Kapferer, The New Strategic Brand Management , 2004
Предавач