Предметот го анализира менаџерскиот процес, вклучувајќи ги фазите планирање, организирање, координирање, мотивирање и контролирање како менаџерски вештини потребни на едно раководно лице кое е воедно лидер, менаџер и советник, но и во рамките на една организација. Предметот ќе им помoгне на студентите во процесот на менаџирање на својата кариера, време, односи со колеги и професори и во управувањето со проекти што ќе ги изработуваат во текот на студиите, настани и слично.
Знаења и вештини
Предметот им овозможува на студентите:
- да ги воведе во современтите менаџерски концепти и вештини и да ги поттикне истите да ги применат во пракса,
- да ги подобрат менаџерските вештини за да можат подобро да ги менаџираат своите студии и личниот живот,
- да стекнат знаење и ги разбираат различните видови организациски структури и процесот на менаџирање во организациите, како и менаџерските етичките стандарди неопходни за нивната понатамошна кариера.
Факти за предметот
Траење: еден семестар (септември – јануари)
Задачи: вежби, практични задачи
Литература
- м-р Емилија Трајковиќ Христова, Авторизирани предавања, Висока школа за новинарство и за односи со јавноста, 2011
- д-р Лидија Симончевска, Менаџмент, Факултет за туризам и угостителство – Охрид, 2008
Предавач