Предметот се фокусира на важноста на културата во нашиот секојдневен живот и на начините на кои таа се поврзува и влијае врз процесот на комуницирање. Студентите ќе се подготват да комуницираат ширум спектарот на различните култури, како и да ја зголемат својата чувствителност кон другите културни групи и контекстот (општествен, културен и историски) во кој живееме и комуницираме.
Знаења и вештини
Предметот ќе ги оспособи студентите:
- да разберат на кој начин варира процесот на комуницирање ширум различните култури
- да ги утврдат предизвиците што произлегуваат од разликите во интеркултурната комуникација и да ги научат начините на кои креативно можат да се справат со нив
- да го согледаат значењето на улогата на контекстот и моќта во изучувањето на интеркултурните комуникации
- да стекнат знаење, вештини и ставови што ги зголемуваат способностите за интеркултурна комуникација
Факти
Траење: еден семестар (февруари-јуни)
Задачи: вежби, работа на терен, практични задачи
Литература
Тунева, М. (2010) Медиумите, граѓаните и интеркултурните комуникации, Едиција ExLibris, Висока школа за новинарство и односи со јавноста
Предавач
.This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.">М-р Марина Тунева